Фудбал
Сити го прегази Њукасл Јунајтед на „Етихад“
Се одиграа три натпревари од 34-то коло од Премиер лигата со почеток во 19.00 часот, а најмногу голови имаше на „Етихад“, каде домашниот тим Манчестер Сити го совлада Њукасл Јунајтед со 5:0.
Граѓаните го започнаа овој натпревар агресивно и по само 20 минути водеа со 2:0, а головите ги постигнаа Габриел Хесус и Марез. Во второто полувреме, се забележаа уште три гола во мрежата на Њукасл, кои ги постигнаа Фернандес (авто гол), Давид Силва и Рахем Стерлинг.
Вулверхемптон останаа со дефинитивно никакви шанси за пласман во Лигата на шампионите бидејќи вечерва загубија од Шефилд Јунајтед со 1:0 и на тој начин останаа на минус седум во однос на Лестер Сити. Единствениот гол на овој натпревар беше забележан во судиското надополнување и го постигна Еган.
Во преостанатиот натпревар, Барнли го совлада Вест Хем на гостински терен и со тоа го загрози неговиот опстанок во првата лига бидејќи го фрли во жестока борба за опстанок. Единствениот гол на овој натпревар го постигна Родригез.
Вечерва се игра уште еден дуел во Премиер лигата, Брајтон – Ливерпул. Средбата е закажана за 9:15 часот.
Премиер лигата, 34 коло:
Манчестер Сити – Њукасл 5: 0
Шефилд Јунајтед – Вулверхемптон 1: 0
Вест Хем Јунајтед – Барнли 0: 1