Connect with us

Фудбал

Сити го совлада Свонси и постави неверојатен рекорд

Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва го совладаа Свонси со 3:1 во осминафиналето од ФА Купот.

Тимот на Пеп Гвардиола успеа да победи и да се пласира во четвртфиналето на ова натпреварување без некои поголеми проблеми.

Сити поведе во 30. минута кога Вокер со многу среќа ја затресе мрежата на домаќините. Десниот бек сакаше да нафрли, а на крајот топката го измами голманот и заврши во мрежата.

Гостите стигнаа до вториот погодок во 47. минута. Родри асистираше за Стерлинг кој погоди за 2:0. Само три минути подоцна Сити реши сè затоа што Габриел Жесус успеа да зголеми на 3:0.

Конечниот резултат во самиот финиш на натпреварот го постави Витакер кој погоди за 1:3. За Сити ова е натпревар за паметење бидејќи тие успеаја да го соборат рекордот. Имено, Граѓаните забележаа 15 победи по ред во сите натпреварувања, а тоа претходно на никој не му успеа.