Фудбал
Сити остана без Агуеро
Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро се повреди на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Вест Хем.
Агуеро се здоби со повреда на гостувањето во Лондон и според тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, ќе паузира неколку недели.
„Агуеро ќе отсуствува неколку недели, а тоа може да биде и повеќе, ќе видиме“, рече Пеп.
Агуеро претходно имаше повреда на коленото, само што се врати, но сега се здоби со уште една повреда и клубот од „Етихад“ ќе мора да ги игра следните неколку натпревари без него.
Оваа сезона 32-годишниот играч навистина нема среќа, не играше многу, но Пеп го смета за голема легенда која направи големи работи за клубот и секако ќе продолжи да смета на него.