Connect with us

Фудбал

Сити потврдува: Де Брујне три месеци надвор од теренот!

Англискиот шампион Манчестер Сити денеска потврди дека белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне ќе биде надвор од теренот најмалку три месеци поради повреда на лигаментите на коленото.

Белгиецот се здоби со повредата на тренингот. Првичните прогнози кажуваа дека Де Брујне ќе мора да биде опериран, но за среќа тоа не е потребно.

Оштетување на лигаментите на коленото нема потреба да се оперираат, но сепак ќе мора да паузира и нема да го гледаме во дресот на Сити во наредните три месеци.

Секако, ова е тежок удар за Гвардиола. Де Брујне е еден од главните фудбалери во екипата, но за среќа менаџерот Пеп Гвардиола навистина одлична екипа и неговото отсуство веројатно нема да се примети.