Connect with us

Фудбал

Сити со синоќешната победа собори повеќе рекорди во Премиер Лигата

Екипата на Манчестер Сити одигра сезона од соништата во Премиер лигата.

Граѓаните оваа сезона го направија она што беше незамисливо, бидејќи титулата ја осигураа на неколку месеци пред крајот на првенството.

Во еден момент се чинеше дека сезоната можат да ја завршат без пораз, баш како што направија Арсенал во сезоната 2003/04, но на крајот сепак не се случи бидејќи Сити беше поразен од Ливерпул и Јунајтед.

Сепак, Граѓаните после синоќешната победа против Брајтон со 3:1 соборија неколку рекорди. Тоа им беше 31 победа оваа сезона, што е најмногу одкако е формирана Премиер Лигата. Освен тоа тие освоија 97 бода што исто така е најмногу и го соборија рекордот за број на постигнати погодоци во една сезона – 105.

Граѓаните ќе имаат прилика ове рекорди дополнително да ги подобрат во последниот натпревар против Саутемптон кој е на распоредот во недела.