Connect with us

Фудбал

Скалони ја објави листата на Аргентина и доби жестоки критики од Англија

Репрезентацијата на Аргентина ќе ги продолжи квалификациите за Светското првенство следниот месец.

Аргентинците своите натпревари ќе ги одиграат помеѓу 8 и 15 октомври, а тогаш ќе ги одмерат силите против Уругвај, Парагвај и Перу.

Претходно овој месец имаше голем скандал на натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина, кој не се ни одигра, а играчите од Премиер лигата кои немаа дозвола за патување во Јужна Америка се најдоа во голем проблем.

Аргентина се уште е на црвената листа во врска со коронавирусот во Обединетото кралство, и секој што останува во оваа земја мора да биде во задолжителен карантин десет дена.

По скандалот од пред неколку недели, се очекуваше дека аргентинскиот тренер Лионел Скалони нема да покани играчи од Англија, но тој повторно успеа да ги шокира сите.

Скалони го објави списокот за овие натпревари, а во него повторно беа двајца играчи на Тотенхем, Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро и голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез.

Клубовите не им дадоа дозвола да одат на собирот минатиот пат, но минаа без казни и ќе биде интересно да се види што ќе направи ова трио овој пат и дали ќе отпатуваат за Аргентина да се соберат за националниот тим.