Connect with us

Други спортови

Скандал на ОИ во Париз, пливачката од Бразил испратена дома, ја издале фотографиите со момчето (ФОТО)

Олимписките игри штотуку почнаа, а веќе има неколку скандали! Спортистка од Бразил е исфрлена од натпреварувањето, а суспензијата се случи по објава на Инстаграм!

View this post on Instagram

A post shared by Ana Vieira (@_anavieeiraa)


Бразилскиот олимписки комитет одлучи да ја испрати својата пливачка дома. Станува збор за Ана Каролина Виеира, која го прекршила договорот со раководството на тимот.

Пливачката Ана Каролина Виеира без дозвола го напуштила олимпиското село, а тоа го направила со своето момче Габриел Сантос. Нивното прекршување на правилата беше откриено на Инстаграм, по нивните објави кои ги шокираа сите во бразилската експедиција.

Габриел Сантос е пливач, но не беше суспендиран поради прекршокот бидејќи го прифати предупредувањето, додека Ана Каролина Виера беше испратена дома откако се расправаше и постапи агресивно кон челниците на бразилскиот тим.