Фудбал
Скандал на СП во Катар, славниот камерунски фудбалер нокаутираше момче кое го снимаше (ВИДЕО)
Познатиот камерунски фудбалер Самуел Ето направи голем инцидент на Светското првенство во Катар.
Актуелниот претседател на фудбалската федерација на Камерун ги загуби нервите по натпреварот помеѓу Бразил и Јужна Кореја и влезе во физичка пресметка со момче, а иако не е јасно што го предизвика конфликтот, тој заврши со тупаници.