Connect with us

Фудбал

Скандал пред вечерашниот Супер Куп: Севиља се заканува дека нема да игра против Барселона!

Натпреварот на шпанскиот Супер куп треба да се одигра вечерва во 22 часот, но Севиља се заканува дека нема да дојде!

Само 24 часа пред почетокот на натпреварот од Суперкупот на Шпанија, шпански фудбалска федерација објави дека не постои ограничување за играчи надвор од ЕУ, бидејќи “Суперкупот не е професионална игра” и со тоа предизвика незадоволство.

Супер Купот се игра во еден нтпревар, Барселона и Севиља, треба да се состанат во мароканскиот Тангер, но Андалужаните се заканија дека нема да играат ако Барса во записникот има повеќе од три играчи надвор од ЕУ.

“Ние во Севиља бевме изненадени од изјавата на шпанската фудбалска федерација само 24 часа пред почетокот на натпреварот. Според неа, може да се земат ” не-ЕУ “играчи колку сакаме. И во последната изјава во врска со сезоната 2018/19. Јасно стои дека е дозволено да имте само тројца играчи надвор од ЕУ без исклучок “, рекоа од Севиља.

Во натпревари од Примера, дозволено е да има само три играчи без пасоши од ЕУ, но во федерацијата сметаат дека истите правила не треба да зажат за Суперкупот.

Играчи на Барса без пасоши на ЕУ се Видал, Малком и Артур, па и Марлон. Кутињо добил португалски пасош преку жената, а Суарез и Меси веќе имаат државјанство на ЕУ.