Connect with us

Фудбал

СКАНДАЛ: Суарез мамел на тестот за италијански јазик

Неверојатна вест ја тресе Италија. Се појавија информации дека Луис Суарез мамел на тестот за италијански јазик кој го полагаше пред една недела во Перуџа. Според првичните резултати од истрагата, во која се вклучило обвинителството, Суарез добил однапред напишани одговори на прашањата.

Италијанска „Република“ пишува дека под истрага се ректорот на Универзитетот во Перуџа, Џулиана Грего Боли и генералниот директор на Универзитетот Симоне Оливиери.

Економско финансиска служба на италијанската полиција, успеала да пресретне разговори на спомнатите лица во кои наводно се истакнува дека Луис Суарез мора да го положи тестот.

-Тој не знае ниту збор италијански. Не знае да врзува глаголи, зборува само во инфинитив, а ако новинарите го прашаат нешто, тој ќе се загуби. Заработува 10 милиони евра годишно, мора да го положи тој тест, стои во разговорите на осомничените.

Суарез полагаше италијански јазик за да добие италијански пасош, надевајќи се дека ќе потпише за Јувентус. Сето ова му беше потребно бидејќи тимот од Торино веќе го имаше потполнето дозволениот број на странци. Сега, Суарез е на чекор до Атлетико Мадрид, бидејќи Јувентус не можеше да го чека, па го ангажираше Алваро Мората.