Connect with us

Фудбал

Скапо го чинеше Брозовиќ возењето на под дејство на алкохол

Интер му изрече тешка казна на Марсело Брозовиќ за возење под дејство на алкохол низ улиците на Милано.

После ноќниот провод, хрватскиот играч од средниот ред помина на црвеното светло, полицијата го фати и го запре.

Брозовиќ веднаш остана без возачка дозвола, а еден ден подоцна пристигна и тешка казна. Хрватот е казнет со 100.000 евра.

Патем, Интер вечерва ќе се сретне со Торино, и без оглед на прекршувањето на дисциплината, Брозовиќ ќе биде во конкуренција за натпреварот.