Фудбал
Скопје ремизираше против Шкупи
Гостите уште на самиот почеток на мечот дојдоа до водство со голот на Јашаровски во 7. минута од натпреварот (0:1). Резултатот на полувремето остана 0:1 и покрај одличните и многубројните напади на двата тима.
Во второто полувреме како да падна темпото на игра. Се играше главно на средината од теренот. Повторно и двете екипи создадоа шанса за гол, но без завршница, се до 89. минута. На самиот крај Петковски постигна гол за 1:1 со кој на Скопје му донесе драгоцен бод во борбата за опстанок во првата лига.
Моментално Скопје и Победа имаат по 32 бода, но подобрата гол разлика ги става Скопје на 8. позиција на табелата, на 9. позиција се наоѓа Победа, а на дното останува Пелистер со 31 бод, но битолчани имаат еден натпревар помалку кој треба да го одиграат против екипата на Шкупи.