Connect with us

Фудбал

Скршено срцето на Андриј Шевченко: Неговиот најголем спомен од детството е уништен

Руската агресија против Украина не престанува.

Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко во интервју за „Sky Sports“ изјави шокантна исповед.

Имено, градот Буча, гратче во близина на Киев каде често тренирал како момче, бил бомбардиран и уништен, а неговото семејство примило две семејства од тој град.

„Подолго време има многу напади во Киев. Мајка ми и сестра ми беа пречекани од неколку луѓе кои беа во ужасни услови. Во Буча нема храна и струја. Тие се пријатели на мојата сестра и живееја во подрумот за изминатите пет дена“, рече Шевченко и додаде:

„Имаше страшни бомбашки напади во оваа област. Многу добро го познавам Буча, како и блиските Ирпин и Хостомел. Тие се целосно уништени. Таму нема повеќе згради. Како момче, често тренирав во Буча. Страшно е“.

Поранешниот освојувач на Златната топка истакнува дека сега е невозможно да побегне од главниот град на Украина.

„Хуманитарните коридори беа нападнати од руски војници. Ако мајка ми и сестра ми се обидеа да избегаат, мислам дека ќе беше поопасно за нив“, рече тој.