Connect with us

Тајмаут

Славниот фудбалер очајно сакал да се фотографира со Памела Андерсон, сопругата не му дозволила

Со висина од над два метри предизвикува внимание каде и да се појави, а во последните неколку години знае да раскаже интересни анегдоти од неговата кариера. Питер Крауч овој пат се присети на Памела Андерсон и неговата сопруга Ејби. Сакал силно да се фотографира со познатата актерка, но сопругата не дозволила бидејќи била љубоморна.

-Ја запознав Памела на еден евент кој го организираше таа. Беше пред мене и реков на сопругата дека морам да се фотографирам со неа. Ми одговори дека не, не морам. Сепак, и кажав дали знае како ќе реагираат момците од клубот кога ќе ја видат фотографијата, а таа ми рече не ме интересира, и се остана на тоа, вели Крауч.

Фотографија со Памела остана само желба за Питер Крауч.