Фудбал
Славниот Тоти во големи проблеми, под истрага за перење пари и коцкање
Познатиот италијански фудбалер Франческо Тоти се најде во голем проблем, бидејќи сега е под истрага за перење пари и коцкање.
Оваа вест ја пренесе „Ла Верита“, а се посочува дека се работи за спорна исплата во вид на бескаматен кредит од 80.000 евра на пензионерка во градот Анцио.
Со подетална истрага е утврдено дека споменатата пензионерка е всушност свекрва на големата пријателка на Тоти, која е вработена во италијанското МВР.
Откриено е дека Тоти и неговиот пријател веќе имале милиони трансакции во минатото кои завршувале во казина во Лас Вегас, Лондон и Монте Карло.