Connect with us

Други спортови

Снежна лавина го откажа Светскиот куп

Овој викенд во австрискиот Сент Антон требаше да се одржат настапите на скијачите во Светскиот куп, но саботниот спуст и неделниот супервелеслалон се откажани поради опасност од снежна лавина, екстремна количина на ново паднат снег и лоши временски услови, објавија од Австриската скијачка федерација.

Сигурноста на скијачите е на прво место, па поради тоа луѓето кои ја подготвуваат патеката, во согласност со Меѓународната скијачка федерација (ФИС), потврдија дека условите не дозволуваат непречено одвивање на настанот, поради што мораше да биде одложен.

Од Фис исто така интензивно се во потрага по место кое би можело да биде домаќин на веќе откажаниот супервелеслало и спуст.