Connect with us

Фудбал

Снимката од тренингот на Барселона покажуваат колку беше моќен Роналдо на теренот

Бразилецот Роналдо е еден од најдобрите напаѓачи кои некогаш се појавиле.

Да не беа сериозните повреди, легендарниот фудбалер ќе беше еден од најдобрите на сите времиња, но засекогаш ќе остане запаметен по неверојатните работи што ги направи на теренот.

Барселона не успеа да го задржи неверојатниот Бразилец на „Камп Ноу“ повеќе од една сезона. Тој ги разбиваше противничките одбрани во дресот на каталонскиот клуб во сезоната 1996/1997 и постигна 47 голови на 49 натпревари.

Тој исто така се поигруваше со своите соиграчи на тренингот на Барселона. Видеото што се појави јасно покажува колку Роналдо бил моќен и далеку пред сите на теренот, а тој не ги поштеди ниту соиграчите.

За жал, тешките повреди во дресот на Интер, кои дојдоа на крајот на минатиот век, ја вратија неговата кариера. Тој изгуби две години кога требаше да „експлодира“ целосно, но сепак на крајот успеа да се извлече од сето тоа и да го освои Светското првенство во 2002 година.

Од Интер замина во Реал Мадрид, каде беше дел од познатите Галактикоси, а потоа играше уште и за Милан и Коринтијанс, каде во 2011 година ја заврши богатата кариера.