Фудбал
Со блескава партија Меси влезе во историјата на мундијалските квалификации
Јужноамериканците веќе ги започнаа квалификациите за најголемото натпреварување. Почнаа толку рано поради специфичните квалификации на тој континент, кој е единствена квалификациска група или лига со 10 селекции. Така што тамошните репрезентации играат дури 18 натпревари во борбата за Мундијалот или речиси двојно повеќе од европските.
Бранителот на титулата светски првак го доби и четвртиот натпревар. Со 2:0 славеше против Перу, а двата гола ги постигна Лионел Меси (36), кој на тој начин ги подобри рекордите по бројот на настапи (178) и головите (106) за Аргентина. Но, тој постави уште еден рекорд. Со головите против Перу стигна до својот 31. гол во квалификациите за Светското првенство. Така го престигна својот голем пријател Луис Суарез и стана најдобар стрелец во историјата на јужноамериканските квалификации за Светското првенство.
Првиот гол на Меси мошете да го погледнете со кликање тука, а вториот гол можете да го погледнете со кликање тука.