Фудбал
Со четири погодоци Меси ја предводеше Барселона до максимална петта победа
Барселона ја оствари петтата победа на исто толку натпревари оваа сезона во Примера, откако синоќа со убедливи 6:1 го совлада Еибар.
Ново шоу на „Камп Ноу“ припреди капитенот на Каталонците Лионел Меси со четири постигнати голови, другите два за домашниот тим ги реализираа Паулињо и Суарез. За Еибар погоди Енрих.
По пет кола во Примера, Барселона е лидер со 15 бода, пред Севиља која има 10 и натпревар помалку. Шампионот Реал Мадрид досега освои само 8 бода и е со натпревар помалку од најголемиот конкурент за трофејот.