Connect with us

Фудбал

Со кои екипи може да игра Шкендија, ако го елиминира Тотенхем?

Шкендија следната недела, поточно во четврток во Скопје игра против Тотенхем во рамките од 3.коло од квалификациите за Лига Европа. Во случај да се случи сензација и Шкендија да го елиминира тимот на Жозе Мурињо, како можни противници во плејофот, последен меч пред групната фаза за тетовскиот тим се Макаби Хаифа, Стеауа, Слован Либерец, Виљем Втори, Глазгов Ренџер, Фехервар или Ремс, во зависност која од овие екипи ќе обезбеди победа во нивните меѓусебни дуели.

Жрепката за завршната рунда во квалификациите за Лигата на Европа ќе се одржи денеска во 14 часот во седиштето на УЕФА.