Connect with us

Други спортови

Со нетрпение ја очекуваме 2021 година: Болидите во Формула 1 ќе изгледаат магично!

Лидерите во Формула 1 денес официјално ќе ги претстават новите правила кои ќе стапат на сила на почетокот на сезоната 2021 година.

Во Формула 1, тие решија да променат многу правила што треба да го направат овој натпревар многу повозбудлив. Челниците на Ф1 воведуваат нови правила што ќе ги направат екипите многу поблиски, и нема да има разлика како во претходните години.

Обично доминираат Мерцедес, Ферари и понекогаш Ред Бул, но сега целта е тие „помали“ екипи да имаат можност да се борат за првото место. Дополнително, во сезоната 2021 година, ќе имаме различен дизајн на болидот што ги воодушеви сите.

Формула 1 на својата официјална веб-страница потврди дека дизајнот на автомобилот ќе се промени драстично, и дека ќе се користи од 2021 година. Тие објавија и фотографии од тоа како ќе изгледа, а мора да се признае дека овој дизајн на болид изгледа навистина магичен.