Кошарка
Со „тројката“ на Вигинс Минесота ја победи Оклахома
Најинтересниот меч од синоќешната програма во НБА лигата се одигра во Оклахома Сити, каде со „тројката„ на Ендрју Вигинс со звукот на сирената, екипата на Минесота славеше победа на гостувањето кај Оклахома.
Откако Кармело Ентони постигна „тројка“ за водство од 113-112, домаќините ги делеа 4,7 секунди до триумф. Но, гостите од Минесота успеаја да организираат брза акција која резултираше со 3-поени, кога Вигинс погоди шут од преку 10.метри со звукот на сирената, за конечни Оклахома – Минесота 113-115.
Вигинс средбата ја заврши со 27 поени, колку што постигна и Карл Ентони Таунс. На домаќините не им поморна ниту дабл-дабл учинокците Расел Вестбрук и Ентони Адамс, како и поентерски расположениот Кармело Ентони. На крајот Вестбрук средбата ја заврши со 31 поен и 10 асистенции, Адам имаше учинок од 17 поени и 13 скокови, а Ентони постигна 23 поени.
Во Лос Анџелес, тимот на Лејкерси загуби во дуелот против Њу Орлеанс со 119-112. Ентони Дејвис со дабл-дабл учинок од 27 поени и 17 скокови беше најзаслужен за оваа победа на гостите.
На првиот меч одигран синоќа Бруклин „Нетс“ ја совлада Атланта со 116-104. Дури петмина кошаркари во победничката екипа имаа двоцифрен број на постигнати поени, а најмногу Ален Краби кој средбата ја заврши со 20 поени.