Фудбал
Соиграч и долгогодишен пријател на Роналдо, откри каде тој ќе игра следната сезона
Роналдо го сакаа ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но во последно време тие информации ги снема. Па, се чини дека речиси сигурно Португалецот останува во Јувентус и следната сезона.
Ова може да се заклучи и од изјавата на Данило, негов клупски соиграч и долгогодишен пријател.
-Да се има Роналдо во тимот е важно, бидејќи носи многу голови, а исто така ми е добар пријател. Се знаеме уште од играњето во Реал Мадрид. И следната сезона Роналдо ќе биде со нас во Јувентус, изјави Данило.