Connect with us

Фудбал

Сол на раната: Дали Наполи треба да биде среќен или тажен за овој рекорд?

Уште од 1990 година, кога Диего Марадона на Сан Паоло ја донесе последната титула како првак на Италија, Наполи никогаш не биле поблиску до освојувањето на ново Скудето отколку во сезоната која штотуку заврши.

Добар дел од сезоната, фудбалерите на Наполи беа првопласираниот состав на табелата и водеа мртва трка со Јувентус до самиот крај. Тие дури и успеа да ја победат „Старата дама“ во Торино со 1:0 во 34. коло, но во следниот натпревар против Фиорентина (0:3) ја прокоцкаа историска можност да стават крај на доминацијата на Јувентус.

Интересно е тоа што Наполи освои 91 поен оваа сезона и е најдобар второпласиран тим во лигата. Покрај тоа, фудбал Маурицио Сари го срушија рекордот на Серија А, и Наполи стана првиот клуб во светот кој во текот на сезоната освои 90 или повеќе поени, но не заврши на прво место.

Наполитанците на 38 натпревари забележаа 28 победи, седум нерешени и само три порази, и со 77 постигнати голови беа трет најдобар напад во шампионатот, зад Лацио и Јувентус.

На пример, Јувентус во претходната сезона освои 91 бод и беше шампион, исто како и во сезоната претходно. Во сезоната 2014/2015, Јуве стигна до титулата со освојување на 87 бодови, што е за четири поени помалку од Наполи, кој беше втор оваа сезона.

На крајот, вистинското прашање е дали Наполитанците треба да се гордеат со овој, да го наречеме рекорд, или ова ќе биде само сол на раната откако уште една сезона остана без многу посакуваното Скудето.

Инаку, Наполи во клупската историјата има освоено само две титули, и тоа во ерата на Диего Армандо Марадоне, во сезоните 1986/87 и 1989/90.