Connect with us

Фудбал

Солскјер доби асистент, се работи за уште еден поранешен и важен играч на Јунајтед

Манчестер Јунајтед денес објави дека Дарен Флечер повторно ќе биде во клубот и ќе биде вработен во стручниот штаб.

Флечер беше дел од Манчестер 20 години, главно играше во јуниорски селекции, а од 2003 до 2015 година беше член на првиот тим.

Сега тој се враќа таму каде што сè започна, на „Олд Трафорд“ и ќе продолжи да му помага на првиот тренер и поранешен соиграч Оле Гунар Солскјаер во стручниот штаб и во текот на сезоната.

Тој ќе се обиде да му помогне на Јунајтед да продолжи со добри игри и да остане на врвот на Премиер лигата. Тој во моментов е на второто место.