Фудбал
Солскјер е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед
Клубот од „Олд Трафорд“ Денеска потврди дека Солскер ја доби улогата на привремен менаџер на тимот до крајот на сезоната и пред него, секако стои голем предизвик.
Тој ќе го наследи Жозе Мурињо на клупата на „црвените ѓаволи“ кој вчера доби отказ поради слаби резултати.
„Можеме да потврдиме дека Оле Гунар Солскјер е привремениот менаџер на клубот до крајот на сезоната“, соопштија од „Олд Трафорд“.
Норвешкиот стручњак кој е и легенда на „Црвените ѓаволи“ е пресреќен поради шансата која ја доби на клупата на Јунајтед.
„Манчестер Јунајтед е во моето срце, и убаво е да се вратам во оваа улога. Со нетрпение очекувам да започнам со работа со многу талентиран тим што го имаме“ истакна новиот менаџер на Јунајтед.
„Оле е Легенда на клубот и има навистина големо искуство како играч и како менаџер. Неговото минато во Манчестер Јунајтед значи дека живее и диши да клубот и сите сме среќни што е тука. Исто така, драго ни е што Мајк Фелан повторно е тука и уверени сме дека тој ќе ги обедини играчите и навивачите во другиот дел од сезоната“, рече претседателот на клубот Ед Вудвард.
We can confirm that Ole Gunnar Solskjaer has been appointed as caretaker manager until the end of the 2018/19 season.
He will be joined by Mike Phelan as first-team coach, together with Michael Carrick and Kieran McKenna. #MUFC
— Manchester United (@ManUtd) December 19, 2018