Фудбал
Солскјер го краде веќе договореното засилување на Арсенал
Денеска се очекуваше Арсенал да го официјализира трансферот на фудбалерот од Лил, стоперот Габриел Магалхас.
Според медиумите во Англија, Арсенал се договорил сè со фудбалерот, но Манчестер Јунајтед се вклучи во целата работа денес.
Имено, Наполи беше главниот конкурент на Арсенал за овој играч, но тие испаднаа од трката затоа што не сакаат да купат стопер сè додека не го продадат Кулибали.
Арсенал, наводно, ја договорил целата работа, но екипата на Солскјаер се вклучи денес во трката, а младиот фудбалер сега е во искушение.
Тој реши да побара 48 часа да размисли што да прави, а својата одлука треба да ја објави во недела или понеделник.
Останува да се види кој клуб Габриел ќе го избере, но се чини сигурно дека тој ќе игра во Премиер лигата следната сезона.