Фудбал
Солскјер ја забележа 50. победа со Манчестер јунајтед, само двајца тренери го направија тоа побрзо од него
Манчестер, 23 септември 2020 (МИА) – Оле Гунар Солскјер извојува 50 победи како главен тренер на Манчестер Јунајтед. За да го стори ова, му беа потребни 92 натпревара.
Пред него само Ернест Магнал (78 настапи) и Жозе Мурињо (81 настап) имаат постигнато 50 победи во помалку натпревари.
Солскјер малиот јубилеј го прослави синоќа по победата на неговите избраници на дуелот од ЕФЛ купот против Лутон (3:0). зс/