Connect with us

Фудбал

Солскјер летово им даде исто ветување на осум играчи, па експресно го прекрши

Оле Гунар Солскјер беше мета на многу критики од навивачите на Манчестер Јунајтед.

Пред репрезентативната пауза, Манчестер Јунајтед доживеа два тешки порази на „Олд Трафорд“. Прво беа понижени од Ливерпул со 5:0, а потоа градскиот ривал Манчестер Сити славеше со 2:0 на истиот стадион.

По поразот во градското дерби, Солскјер повторно беше мета на жестоки критики на навивачите на Јунајтед, кои бараат од челниците на клубот да го отпуштат норвешкиот стручњак.

Она што дополнително ги изненади сите е тоа што Солскјер по поразот од Сити реши да замине на одмор во Норвешка, а на играчите кои немаа репрезентативни обврски им даде седум дена одмор.

Со денови се шпекулира дека отказот за Солскјер е готов, а клубот во моментов преговара со Зинедин Зидан и Брендан Роџерс, кои се главните кандидати да дојдат на клупата на овој клуб.

Солскјаер ја загуби довербата и во соблекувалната и се повеќе играчи отворено го критикуваат за одредени одлуки.

Англиските медиуми пишуваат дека Солскјер летово се обидел да задржи што повеќе играчи во играчкиот кадар, иако имало и такви кои сакале да си заминат бидејќи не биле задоволни од минутажата.

Сепак, како што објави „ЕСПН“, Солскјаер им ветил на осум играчи дека тоа ќе се промени и дека ќе добијат поголема минутажа оваа сезона, но не му требаше долго да го прекрши тоа ветување.

„ЕСПН“ објави дека Солскјер им го дал тоа ветување на Ван де Бик, Марсијал, Лингард, Хендерсон, Бејли, Далот, Мати и Телес, но веќе беше јасно дека не го одржал тоа што им го ветил.

Токму дел од овие играчи први го критикуваа Солскјаер пред целата соблекувална, што дополнително ја разниша атмосферата во тимот. Норвежанецот ја доби поддршката од клупскиот предводник, но прашање е колку долго ќе трае.

Реклама

Facebook

Реклама