Фудбал
Солскјер: Му благодарам на Мурињо што не беше тука да ги измери головите, инаку ќе имавме проблеми
Колку е хит Жозе Мурињо со неговото мерење на стативите на Арената „Тодор Проески“ доволно говори и денешната изјава на тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. Имено, тој по мечот со Брајтон и победата од 3:2 обезбедена во судиското продолжение преку пенал даде интересна изјава, алудирајќи на неколкуте удари на домашните фудбалери кои завршија во пречката или стативата.
-Мораме да му бидеме благодарни на Мурињо што не беше тука да ги измери головите, инаку би имале големи проблеми, вели Солскјер.
Пред мечот со Шкендија голманите на Тотенхем реагирале дека головите на нашиот најголем стадион, по што Мурињо ги измерил и фотографијата ја објави на Инстаграм. Секако головите беа сменети.