Фудбал
Солскјер најавува „бомба“ на Олд Трафорд: „Да, ние будно го следиме Халанд“
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер потврди дека неговиот тим сака да го донесе Ерлинг Халанд.
Халанд моментално е еден од најдобрите напаѓачи во светот, а откако пристигна во Борусија постигна 38 гола на 40 натпревари за овој тим.
Некогаш го тренираше Солскјер во Молде, Норвешка, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ многу добро знае за каков играч станува збор.
„Ние внимателно го следиме Халанд. Така поминавме 18 месеци заедно, можеби скоро две години. Тоа беше фантастичен период. Тој дефинитивно ќе има фантастична кариера. Одлично се снаоѓа во Борусија, ќе видиме каде ќе заврши подоцна. Како Норвежанец и како некој што работел со него, среќен сум што добро му оди“, рече Солскјер.
Договорот на Халанд истекува во 2024 година, а откупната клаузула, која стапува на сила летото 2022 година, е 75 милиони евра.