Фудбал
Солскјер нема намера да ја напушти клупата: „Отидовме предалеку за да се откажеме сега“
Манчестер Јунајтед денеска доживеа дебакл на Олд Трафорд против Ливерпул.
Тимот на Оле Гунар Солскјер беше поразен со 5:0, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ истакнува дека ова е најтемниот ден за него во клубот.
Тој по натпреварот истакна дека неговиот тим не бил доволно добар денес.
„Беше тешко да се каже нешто освен дека ова е најтемниот момент откако го водам овој клуб. Не бевме доволно добри во сите сегменти од играта“, изјави норвешкиот стручњак и продолжи:
? "We've come too far as a group and too close to give up now."
Ole Gunnar Solskjaer dismisses the idea that he isn't the right man to lead Manchester United pic.twitter.com/QuNB4nkU3I
— Football Daily (@footballdaily) October 24, 2021
„Целиот натпревар беше катастрофален. Тие ги искористија своите шанси, ние не, а третиот гол го реши натпреварот“.
Некои навивачи на Јунајтед бараат негово заминување од клупата. Оле не сака да го прави тоа.
„Дојдовме предалеку како тим за да се откажеме сега“, рече Солскјер.
По девет одиграни кола, Јунајтед е седми на табелата со 14 бодови, а на последните четири натпревари тимот освои само еден бод од можни 12.