Connect with us

Фудбал

Солскјер по победата открива од која клупска легенда добил важен совет кој го испочитувал

Манчестер Јунајтед забележа позитивен почеток со новиот тренер Оле Гунар Солскјер, кој е назначен пред само два дена.

Тоа воопшто не се забележа, односно навивачите на Јунајтед имаа чувство како Оле Солскјер да им е овде половина сезона, а не три вечери.

Но што е тука е, Јунајтед оствари уверлива победа против Кардиф со 5:1, а по натпреварот Солскјер објасни и од која легенда на клубот добил совети.

„Одличен натпревар, уживавме, фудбалот е секогаш лесен кога имате квалитетни фудбалери, тие се добра група луѓе. Квалитетот е одличен, јас сум овде само два дена, а добив и порака како совет од Вејн Руни, кој секако се покажа како голема помош. Игравме офанзивно и тоа ќе го барам од играчите на секој натпревар“.

„Сакам да ги пофалам нашите дефанзивци, кои беа на висина на задачата, па ајде вечерва нека уживаат момците за победата, па од утре ќе размислуваме меч по меч за понатаму“, истакна задоволниот норвешки тренер.

Извор: sportclub.mk