Фудбал
Солскјер потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед
Оле Гунар Солскјаер потпиша нов договор во Манчестер Јунајтед според кој ќе остане на „Олд Трафорд“ најмалку до 2024 година, со опција за продолжување уште една година.
Ед Вудворд, извршен потпретседател, рече:
-Оле и неговиот персонал работеа неуморно поставувајќи ги темелите за долгорочен успех. Резултатите од тоа станаа се повидливи во текот на изминатите две сезони и сите со нетрпение очекуваме да видиме како овој тим ќе се развива понатаму во следните години, изјави тој.
Солскјер на клупата на Јунајтед е од 2018-та година. За овој период од поголемите успеси стигна само до финалето во Лига Европа во сезоната 2020/2021.