Фудбал
Солскјер „преживеа“: Манчестер Јунајтед му одржа лекција на Тотенхем
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа со убедливи 3:0 против Тотенхем на наизглед тешко гостување.
Тоа беше натпревар на одлука за менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер и тешко дека ќе опстане на клупата на „црвените ѓаволи“ доколку не оствараше победа.
Играчите во црвените дресови беа исклучително расположени и разиграни. Поведоа преку одличниот Кристијано Роналдо во 39. минута, а потоа со уште два гола го совладаа Т‘отенхем.
Искусниот Единсон Кавани во 64. минута го искористи одличното додавање на Роналдо за 2:0, а во 87. минута резервистот Маркус Рашфорд ги постави конечните 3:0.
За Јунајтед оваа победа доаѓа по серијата од четири натпревари без победа, а сега е петти на табелата со 17 бодови, но вистинскиот тест ќе следи следниот викенд кога овој тим ќе му гостува на актуелниот шампион, тимот на Манчестер Сити.