Connect with us

Фудбал

Сон останува верен на Тотенхем

Кореецот Хеунг-мин Сон останува верен на Тотенхем.

Денес, споменатиот фудбалер го продолжи договорот со лондонскиот клуб за уште четири години, поточно до летото 2025 година.

Ова ги отстрани сите шпекулации за неговиот евентуален трансфер.

За навивачите на Тотенхем, ова е радосна вест по утринската бомба дека Хари Кејн го напушта клубот и ја продолжува својата кариера во редовите на Манчестер Сити.

„Сан“ објави дека сопственикот на Тотенхем Даниел Леви ја прифатил понудата на Манчестер Сити од неверојатни 187 милиони евра.

Покрај тоа, Кејн ќе добие огромни 470 000 фунти неделно и ќе биде еден од најплатените играчи во светот.

Леви е познат како некој кој не сака многу да преговара и генерално не отстапува од неговите барања, а тоа беше случај и со Кејн, па Сити мораше да го плати секое побарано евро.

Што се однесува до Сон, тој се приклучи на Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен и стана еден од клучните играчи на Тотенхем. Бидејќи тој ќе биде во тимот до 2025 година, тоа значи дека Сон ќе мине една деценија во лондонскиот тим и можеме да кажеме дека ќе стане една од легендите на клубот.