Connect with us

Фудбал

Соопштение од Атлетико Мадрид, темата е Гризман и Барса!

Антоин Гризман е на мета број 1 на Барселона, а целата приказна за неговиот потенцијал трансфер во Барселона е тема број еден во сите медиуми, а веројатно ќе биде така се додека Гризман не го реши својот статус.

Денес се огласи и првиот човек на Атлетико Мадрид, Мигел Анел Гил.

„Доста ни е ставот на Барселона. Тоа што нивниот претседател, играч и член на управниот одбор кажуваат дека е позната иднината на фудбалерот со актуелен договор, на само неколку дена пред големото европско финале е апсолутен недостаток на почит кон Атлетико Мадрид“, се вели во соопштението потпишано од Гил .

Подоцна напишал во соопштението и каква е состојбата со договорот на Антоин Гризман и дали имало контакт.

„Никој не преговара околу Гризман, ниту ние имаме таква намера. Пред неколку месеци му соопштив на претседателот на Барселона дека Гризман не е на продажба“, пишува Гил, кој додаде дека од Барселона вршат постојан притисок на фудбалерот.

“Јас, исто така, му реков дека постои можност Атлетико Мадрид да побара компензација од Барселона поради однесувањето на клубот и притисокот на Гризман. Доволно е. Се надевам дека ова соопштение ќе му послужи на навивачите на Атлетико Мадрид за подобро да се подготват за финалето“, напиша генералниот менаџер на Атлетико Мадрид.