Connect with us

Фудбал

Сопственикот на италијанскиот клуб зборуваше за Михајловиќ и почна да плаче (ВИДЕО)

Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро низ солзи зборуваше за смртта на Синиша Михајловиќ.

“Мислам дека нема потреба да се каже ништо. Секогаш губиме шампиони, но таков е животот. Беше голем човек, навистина одличен. Збогум Синиша”, изјави Фереро.
Михајловиќ играше за Сампдорија од 1994 до 1998-ма, одигра над 100 мечеви и постигна 12 голови. По завршувањето на фудбалската кариера, две години, од 2013-та до 2015-та беше тренер на овој тим.