Connect with us

Фудбал

Составот на Јоаким Лев за натпреварот против Мексико е доказ дека животот не е фер

Селекторот на репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев се почесто е тема на негативен контекст во германската јавност.

И покрај тоа што Германците се актуелни светски шампиони и репрезентација која без проблем обезбеди пласман на Светското првенство, последните резултати во пријателските натпревари не им даваат баш многу оптимизам на нивните навивачи.

Германија победи само на еден од трите пријателски натпревари пред Мундијалот и тоа против Саудиска Арабија со 2:1, а беше поразена од Бразил и Австрија.

Сепак, тоа не е главниот проблем, туку позицијата на голманите. Иако сите сметаат дека Тер Штеген треба да биде првиот голман на репрезентацијата на Светското првенство, Лев сепак, како што пренесуваат германските медиуми, одлучил поинаку.

Долгогодишниот селектор на Германија има намера да му даде шанса, без разлика на се, на Мануел Ноер. Лев го повика Ноер на Светското првенство, и покрај тоа што голманот на Баерн беше повреден речиси цела сезона, а од повредата закрепна пред неколку недели.

Јавноста во Германија тоа го прифати со разбирање, затоа што обај голман и тоа како му има помогнато на својата репрезентација, но фактот дека Лев има намера да го стави на голот од првата минута на Светското првенство против Мексико, ги остави Германците во шок и неверување.

Тоа секако не е фер спрема Тер Штеген, кој зад себе има одлична сезона, но сепак останува резерва во Русија.