Фудбал
СП Русија 2018, Комтек бара исклучување на Аргентина
Во Аргентина кружи шокантна вест. Репрезентацијата на оваа земја е во опасност да остане надвор од Светското првенство Русија 2018, што започнува за неколку дена.
Компанијата “Комтек”, која беше организатор на натпреварот Израел-Аргентина, побара од ФИФА строга казна за Аргентина, тврдејќи дека во овој случај станува збор за верска дискриминација. Сепак, тешко е ФИФА да донесе ваква одлука на само неколку дена пред почетокот на мундијалот во Русија кој стартува следнава недела.