Connect with us

Фудбал

СП Русија: Англичаните ќе кренат ограда од шест метри околу својата база

Ограда од шест метри ќе го штити националниот тим на Англија од љубопитни погледи за време на Светското првенство 2018 година во Русија.

Таа ќе биде подигната околу базата на „Трите лава“ во Зелегорск, дел од Санкт Петербург.

Барањето до локалните власти дојде од раководството на англиската делегација, која посака да го скрие процесот на обука на тимот. Таквото барање не е регулирано во правилата на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).