Connect with us

Фудбал

СП во Катар: Паника во редовите на Бразил, селекторот го прекина тренингот и им порача на фудбалерите да престанат да го прават тоа

Бразилците имаат загриженост пред мечот со Србија на првиот меч на Мундијалот (24 ноември 20 часот). Играчот од средниот ред Бруно Гимараеш и дефанзивецот Алекс Телеш се повредија на првиот тренинг на репрезентацијата во Торино, на само неколку дена пред почетокот на Светското првенство.

Гимараеш од Њукасл се повреди на својот 25 роденден и го напушти теренот откако напаѓачот Родриго му згазна на ногата! Сепак, тој се врати десет минути подоцна, но со болна гримаса на лицето! Телеш, пак, се повреди од Нејмар и веднаш му беше укажана лекарска помош. Селекторот на Бразил Тите дури во еден момент го прекина тренингот и им нареди на играчите да престанат со  со груби стартови.

Бразилците тренираат во кампот на Јувентус каде што ќе тренираат до сабота кога заминуваат за Катар.

 

Facebook

Реклама