Connect with us

Фудбал

Спалети нов селектор на Италија, треба да дебитира во Скопје, но Де Лаурентис прави проблеми: 3 милиони во светот на фудбалот се ништо!

Лучиано Спалети, екс тренерот на Елиф Елмас и Наполи е најсериозниот кандидат за селектор на Италија. Како што е познато, Манчини поднесе оставка, па Италијанците во Скопје на 9-ти август ќе гостуваат со нов селектор. Италијанскиот сојуз веќе постигнал начелен договор со Спалети, но сепак проблем прави првиот човек на Наполи, Де Лаурентис.

Имено, по освојувањето на шампоионската титула, Спалети одлучи да замине од Наполи, иако имаше важечки договор. Со оглед на тоа дека предвреме замина, има клаузула дека ќе мора да се плати 3 милиони евра на Наполи во вид на обесштетување. Првиот човек на Наполи не попушта, а италијанскиот фудбалски сојуз не сака да ги плати овие пари.

-За Наполи три милиони секако не се многу, а за Аурелио Де Лаурентис уште помалку. Но, прашањето во овој случај не се парите, туку во прашање е принцип, кој не се однесува само на Наполи, туку на целиот италијански фудбалски систем, кој мора да го отфрли својот аматерски став за да се соочи со предизвиците гледајќи дека е усогласен со правила на деловните активности, акционерските друштва и пазарот. Но, додека „правилото“ не биде дозволено да биде „исклучок“, фудбалскиот систем нема да може да се развива и случаите Спалети ќе продолжат да постојат, вели Де Лаурентис во соопштението објавено до јавноста.

Италијанските медиуми пишуваат дека доколку ова нема да може да се надмине, тогаш наместо Спалети, селекторската позиција ќе му биде понудена на Антонио Конте.