Connect with us

Фудбал

Спасот за Барселона доаѓа од Дубаи

Екипата на Барселона е во тешка финансиска ситуација и долговите на каталонскиот гигант надминаа една и пол милијарда евра.

Поради тоа, овој клуб беше принуден да ги намали платите на апсолутно сите во клубот, а скапите засилувања станаа само сон за тимот од Камп Ноу.

Сепак, шпанските медиуми тврдат дека потенцијалниот спас за Барселона дојде од Дубаи.

Компанија од Обединетите Арапски Емирати и понуди на Барселона опција за отплата на долговите на каталонскиот клуб буквално долговите ќе исчезнат преку ноќ.

Според договорот што беше понуден, компанијата од Дубаи ќе го отплати целиот долг на Барса од една и пол милијарда евра, а тимот од Камп Ноу ќе ги врати овие пари во наредните години со многу ниски каматни стапки на годишно ниво.

Исто така, на Барселона и беше понудена можност да биде ослободена од плаќање на долгот кон оваа компанија две години, со можност овој период да се продолжи до 12 години.

Раководството на каталонскиот клуб се уште не одговорило на понудата. Тоа сериозно се разгледува и многу брзо ќе се донесе одлука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona)

Барселона остана без Лионел Меси поради финансиски проблеми во изминатиот период. Нови играчи едвај беа регистрирани и речиси сите играчи мораа да се согласат на намалување на платата од неколку милиони евра.