Фудбал
Спектакл на трибините, голема борба на теренот, Португалија ја совлада Унгарија (ВИДЕО)
Во Будимпешта немаше спектакл на натпреварот помеѓу Унгарија и Португалија, иако тоа не се очекуваше со оглед на одличната атмосфера пред и за време на мечот и 65.000 гледачи во арената Ференц Пушкаш
Португалија започна со одбрана на титулата европски првак со победа над Унгарија, некои ќе речат незаслужено со оглед на евидентната разлика во квалитетот меѓу двете селекции.
Натпреварот заврши со резултат 0:3, а Португалија стигна до победата на самиот крај од мечот. Гереиро погоди во 84-та минута, а две минути подоцна Кристијано Роналдо ја затресе мрежата.
Унгарците пружија одличен отпор, не им дозволија на фаворизираните гости премногу простор, се бореа до крајност и од време на време знаеја да се заканат.
Во 80-та минута домашниот тим постигна гол преку Шон, кој на крајот беше оправдано поништен поради офсајд позиција, па околу 60 илјади домашни навивачи беа прилично разочарани.
Ова беше проследено со два гола. Прво, со многу среќа погоди Гереиро откако топката се одби од унгарскиот играч и некако заврши во мрежата.
Две минути подоцна имаше пенал за Португалија, и тоа беше целосно оправдано. Роналдо ја презеде одговорноста и рутински погоди. Тоа беше негов 10-ти погодок на Европските шампионати со кој стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.
https://youtu.be/7u5iFg96VDs
Во судиското надополнвање, Роналдо го постигна третиот гол за неговата репрезентација по одличното двојно додавање. Некако ја избегна позицијата во офсајд и мирно погоди и со тоа го најави турнирот на најдобар можен начин.
Во второто коло, Португалија за четири дена игра против Германија, додека Унгарците ќе имаат дуел против Франција.