Connect with us

Кошарка

Спектакуларен тандем во најавата: Леонард и Дончиќ стануваат соиграчи

Сезоната за ЛА Клиперс заврши во средината на неделата по елиминацијата од Феникс Санс и многу прашања се над тимот од Лос Анџелес.

Едно од прашањата што треба да се реши е иднината на Кави Леонард бидејќи одличниот кошаркар нема потпишано нов договор со Клиперс.

Од пристигнувањето во тимот, се очекуваше Лоенард да го однесе тимот на „ветената земја“, исто како што стори со Торото, но повредите го спречија во тоа.

Прашано е дали Кави ќе потпише нов договор, и засега сериозен интерес покажуваат две екипи. Тоа се Далас Маверикс и Мајами Хит.

Најсериозен кандидат за доведување на Леонард е Далас, особено откако новиот генерален директор на Мавс стана Нико Харисон, кој е во одлична врска со американскиот кошаркар.

Многумина веруваат дека на Лука Дончиќ му треба уште една суперѕвезда за да го одведе Мавс до титулата во НБА, особено по неуспехот на Кристапс Порзингис, за кој сериозно се пишува за заминување.