Connect with us

Фудбал

Спектакуларно реми на „Емирати“

Шест голови беа постигнати во ефикасното реми (3:3) синоќа на „Емирати“ во Лондон на дуелот меѓу Арсенал и Ливерпул.

Арсенал до бод стигнаа со чудесен пресврт, откако Ливерпул во 52. Минута водеше со 2:0, а потоа за само шест минути домаќините имаа предност 3:2. Конечниот резултат го постигна Фирмињо во 71. минута.

Ливерпул по својот дуел од 19.коло се наоѓа на 4.место со 35 бодови, Арсенал е едно место подолу со 34 бода.

Другите средби од 19-та рунда во Премиер лигата се играат во текот на денешниот ден.