Фудбал
Спортот ја победи политиката! Србија и Албанија заеднички го организираат ЕП за фудбалери до 21 година
И додека политичките односи меѓу Србија и Албанија не се на најдобро ниво, најновите вести кои пристигнаа од седиштето на УЕФА покажуваат дека спортот се уште има надеж дека ситуацијата на Балканот може да се одвива во позитивна насока.
Имено, Србија и Албанија заеднички ќе организираат големо фудбалско натпреварување, а тоа е Европското првенство за фудбалери до 21 година, пренесува АП.
Имено, заврши рокот за поднесување кандидатури за домаќин на ЕП до 21 година во 2027 година, а пристигна само една апликација, таа на Србија и Албанија. Покрај Србите и Албанците, во опцијата имаше уште две апликации, Белгија и Турција, но тие во последен момент ги повлекоа кандидатурите, што значи дека останува само формалност УЕФА да потврди дека ќе се одржи ЕП до 21 година во Србија и Албанија. Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на Извршниот одбор на УЕФА на 16 декември.
„Тоа е стопроцентен фудбалски проект, со многу добра политичка порака што можеме да ја пренесеме“, рече Арманд Дука, претседател на Фудбалскиот сојуз на Албанија и потпретседател на УЕФА, во интервју за АП претходно оваа година.