Фудбал
Спортски директор на Вардар, па сега тренер на ФК Шкупи, Седлоски го стави потписот
Поранешниот македонски репрезентативен капитен Гоце Седлоски е нов тренер на прволигашот Шкупи. Преговорите се воделе неколку дена.
-Како прво, сакам да се заблагодарам на раководството, сопственикот и сите што ме поддржаа. Имавме разговори во текот на зимата, но во тоа време не најдовме заеднички јазик, сега ова се случи повторно и по повеќекратни разговори со раководството решивме да дојдеме во Скопје. Нивното барање за следната сезона и моето е во согласност, изјави.
Инаку, Седлоски тренерската кариера ја започна во Матерсбург, каде долго време настапуваше како играч, потоа беше тренер на Хоризонт Турново, беше асистент во репрезентацијата на Македонија, потоа работеше со младинскиот погон и вториот тим на Динамо Загреб. Седлоски своевремено ја извршуваше функцијата спортски директор на Вардар.