Фудбал
Спортскиот директор на Рома им упаднал на играчите во соблекувална – никого не поштедил
Втор пат во последните десет дена Рома прими три гола во првото полувреме. По Јувентус во Купот на Италија, и Сасуоло трипати ја затресе мрежата на тимот од Рим.
Ставот, играта и говорот на телото на играчите на Рома во текот на првото полувреме го налутиле спортскиот директор Џанлука Петрачи толку многу што на римскиот клуб му упаднал во соблекувалната на стадионот „Мапеи“ на полувреме.
Петрачи ги искритикувал сите играчи, барајќи од нив поголема посветеност и борба. Следеше реакцијата на тимот, но поразот не беше избегнат, откако Сасуоло славеше со 4-2.
За Рома ова беше трет пораз на последните пет натпревари во 2020 година, а забележа само една победа против Џенова од 1-3, меч на кој есинствениот погодок за домаќините го постигна македонскиот репрезентативец Горан Пандев.
Извор: Sport1.mk